Ако сакаат да почнат позитивна кампања за ковид вакцини, сега касно е

Прво во Канада една девојка пријави нова нус-појава од примање на Фајзер вакцина против ковид, па сега уште десетици девојки од Британија го пријавуваат истото - на сите градите им пораснале за по неколку пати.

Деновиве беше објавено дека на 19-годишна Канаѓанка за четири пати и се зголемиле градите (од големина Б на големина тројно Г) како реакција на примањето на Фајзер вакцина во рок од шест месеци. За разлика од Канаѓанката, британските пријави, доставени до Регулаторната агенција за лекови и здравство, се и од девојки кои примиле Астразенека или Модерна вакцина.

Британските случаи, пријавени изминативе недели, се уште не се верификувани од доктори, а експертите објаснуваат дека неочекуваните телесни промени може да се случиле и заради фактори неповрзани со вакцините.

Од друга страна доктори сметаат дека и двете работи сепак може да се поврзани и дека физичката промена се должи на реакција на имунитетниот систем која предизвикала растење клетките во градите.

Канадскиот случај е пријавен и обработен од доктори од Универзитетот во Торонто кои ја следеле девојката откако пријавила дека по првата доза на Фајзер почнала да чувствува пецкање во градите и дека малку и пораснале.

По примањето и на втората доза пецкањето станало почесто, а градите далеку повеќе пораснале, за во рок од шест месеци да стигне до ГГГ големина.

Случајот е пријавен и во журналот Пластична и реконструктивна операција, каде докторите тврдат дека е можно вакцината да предизвикала редок тип на гигантомастија (pseudoangiomatous stromal hyperplasia). Овој тип до сега е регистриран некои си 200 пати и никогаш до сега не бил поврзан со вакцина.

И по терапијата која и била дадена на девојката (комбинација од стероиди и антибиотици) немало никакво намалување на големината на градите. По ова на девојката и се направени две операции, првата за намалување од ГГГ на ДД, а потоа и уште една за враќање на оригиналната големина Б.

Канадските доктори ги критикуваат своите колеги кои првично ја прегледуваат девојката затоа што ги отфрлиле нејзините тврдења дека симптомите и се поврзани со вакцината.

Претходно, во 2021, научниците од Универзитетот во Пенсилванија открија дека вакцините против ковид може да предизвикаат отекување на лимфните жлезди под пазувите, што довело до абнормални резултати на мамограми и ултразвук.

16 јануари 2025 - 14:48