Иако само три примери, станува збор за востановен шаблон: добро информирани експерти објавуваат свој став на одредена тема кој се базира на најдобро достапните докази, а јавното мислење оди во спротивен правец.
"Зошто се случува ова?
Еден можен одговор е дека јавноста едноставно е глупа. Или во поприфатливи термини, јавноста нема доволен коефициент на интелигенција, доволно образование или права информација за да го даде својот аргумент. Ова објаснување може е прифатливо за експертите чии мислења се игнорирани, ама не е точно. Најголем дел од јавноста има доволно интелигенција за да ги премери основните аргументи. Општото ниво на образование никогаш не било повисоко - и речиси секоја информација му стои на располагање на секој што има интернет.
Вториот одговор е дека опаѓа довербата на јавноста во експерти. Подетална анализа покажува дека ова не е точно. Годишниот Еделмен барометар на доверба покажува дека академиците и експертите од индустријата и понатаму ја имаат довербата на 70% од јавноста. Споредено со 43% од ЦЕО-а, и 38% од владините претставници," пишува професорот од Сити Универзитетот Лондон, Андре Спајсер.
Професорот неодамна го објавува својот труд Парадоксот на глупавоста, и во него објаснува дека за да се сфати како во свет со сè попаметни луѓе, се носат сè поглупави одлуки најважно нешто што треба да се разбере е како луѓето ги обработуваат информациите.
Едно од објаснувањата се базираат на нашите вградени когнитивни предрасуди, бидејќи "често пати носиме брзи одлуки врз основа на нашите минати верувања па дури и случајни асоцијации." Дури откако ќе донесеме некоја одлука (што се случува во милисекунда) го започнуваме процесот на докажување на самите себе, "и бараме информација што ќе ја оправда одлуката што сме ја донеле."
Спајсер објаснува: "Голем дел од јавноста веќе има донесено одлука околу Трамп, ЕУ или климатските промени. Сега тие се фокусирани само на наоѓање информации што ја потврдуваат нивната одлука во делот од секундата. Информации кои не се во согласност со нивните верувања се внимателно игнорирани; бидејќи ги унезгодуваат и бараат повторно да размислат за својата одлука."
Втор дел од објаснувањето е дека економистите имаат многу малку влијание на јавното мислење, и тие успеваат да го придобијат само кога станува збор за техничко прашање.
"Кога мислењето е околу симболично прашање како ЕУ на пример, јавноста ги игнорира економските докази. Кога членовите на јавноста се изложени на економски мислења што се спротивни на нивите, тие стануваат уште покрути во своите ставови. Тие бараат информации што ги дискредитираат мислењата на експертите, и ги игнорираат информациите што се во нивна корист.
Во најдобар случај јавноста може едноставно да ги отфрли ставовите на експертите што се спротивни на нивните. Во најлош, може да предизвика контра-ефект и советот да го сврти мислењето во спротивен правец. Ваков беше случајот со луѓето што се противеа на вакцините: колку повеќе експерти мислења имаше, толку покрути беа противниците на вакцинирањето," објаснува Спејсер.