За кафана како што треба да биде

Ресторан од Лос Анџелес им нуди попуст на сите муштерии што ќе решат на влез да ги остават мобилните телефони.

Целта на сопственикот на Ева ресторанот е прво да ја врати старата атмосфера во ресторанот и второ гостите да почнат да си прават муабет меѓу себе, наместо нон-стоп да ги проверуваат телефоните.

"Се работи за двајца луѓе кои седат заедно и едноставно се поврзуваат меѓу себе, без да бидат попречени од телефонот," објаснува сопственикот Марк Голд.

Секој што ќе се откаже од телефонот додека е во ресторанот, добива попуст од 5%.

"Секоја маса што ќе ја видите има чаша вино, прибор и мобилен телефон," раскажува Голд.

До сега, околу половина од гостите ја имаат прифатено понудата.

17 август 2012 - 15:12