Првото нешто што е важно е што во моментов Гугл и Микрософт инсистираат дека постои Дедо Мраз.
Системот на Гугл ќе почне да работи на католичкиот Божиќ, кога движењето на Дедо Мраз ќе биде достапно на Гугл Мапс и Гугл Ерт, а направена е и екстензија за Хром и Андроид апликација. Плус Гугл Мапс ќе објавува апдејти за движењето на Дедо Мраз на Твитер, Фејсбук и Гугл +.
Додека да стартува системот на Божиќ, на страната за Дедо Мраз Гугл има спакувано и неколку игри и зезалица за трошење време.
Од друга страна од НОРАД најавија користење на "хај-тек системи" вклучувајќи и воени авиони. На страната на НОРАД може да ја симнете апликацијата за мобилни за следење на Дедо Мраз. Дедо Мраз ќе биде видлив на мапите на Бинг на 24-ти декември.