Шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева, ги повика владите да градат мрежи за социјална заштита и да понудат програми за преквалификација за да го ублажат влијанието на вештачката интелигенција.
„Во повеќето сценарија, вештачката интелигенција веројатно ќе ја влоши севкупната нееднаквост што е вознемирувачки тренд кој креаторите на политиките мора проактивно да го решаваат за не дојде до сериозни социјалните тензии“.
Таа ова го порача пред годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, каде темата е поставена високо на агендата. Најмногу се очекуваат пораките од извршниот директор на производителот на ЧетГПЅ, Сем Алтан и нивниот најголем поддржувач, Микрософт, односно извршниот директор Сатја Надела.
Ефектите на вештачката интелигенција врз пазарот на трудот попрво и подлабоко ќе се почувствуваат во напредните економии отколку во оние во развој.
Кај првите, дури 60% од работните места ќе претрпат влијание од ВИ; некои за добро (зголемување на продуктивноста) но во голем дел ќе се намали побарувачката за работна сила, што ќе доведе до пониски плати и намалени вработувања а некои од работните места и ќе исчезнат.
Ако за работната сила е лоша, ВИ ќе биде добра за капиталот: во следната деценија се очекува таа да го зголемува глобалниот БДП за 7% годишно.
***********
Види и:
Сериозно, како вака ја згрешивме работата со вештачката интелигенција?