"Успехот ќе ви го уништи животот"

На разни теми, кратки мудрости од Том Кленси, конзервативец од стариот ков, човекот кој ги потпиша "Лов на црвениот Октомври" и "Патриотски игри" а почина деновиве на 66 годишна возраст.

- Која е разликата меѓу реалноста и фикцијата? Фикцијата мора да има смисла.

-Учиш да пишуваш како што учиш да играш голф. Вежбаш, вежбаш се додека не почнеш да го правиш тоа како што треба. Многумина мислат дека нешто мистично се случува, дека те посетува некоја муза. Не, пишувањето е само аргатска работа.

- Успехот ќе ти го уништи животот.

- Владите се добри за собирање даноци, одземање слободи и убивање луѓе. За другото не ги бива многу.

- Хеликоптерите не летаат. Тие вибрираат толку грозно што земјата ги отфрла.

- Што знам јас за сексот, јас сум женет човек.

- Никогаш не прашувај човек што компјутер користи. Ако има Мек, сам ќе ти каже, ако нема, зошто да го срамиш?

- Старите добри времиња се денес.

- Запамти, од секој твој испукан куршум, некој некаде заработува.

- Нема ништо попорнографско отколку да величаш војна.

- Покажи ми елитист, ќе ти покажам лузер.

- Ако сакаш да внесеш нуклеарна справа во САД, само доведи ја до Мајами и маскирај ја во кокаин.

 

3 октомври 2013 - 10:56