Според професорот по археологија Невзат Чевик, коските на светецот во 1087-ма година со сила биле земени од Турција и биле закопани во Италија.
Чевик го повика Ватикан доброволно да ги предаде религиозните артифакти и тие да бидат вратени во градот Демре, каде што Свети Никола бил бискуп додека бил жив.
Целата денешна приказна околу Дедо Мраз се базира на легендите за Свети Никола, кој бил познат по тоа дека им давал подароци на децата од градот, а во една прилика се искачил на оџак на една куќа за да ја остави својата донација.
По неговата смрт во 343-та Свети Никола е закопан во Мира ( денешно Демре). Во 11 век Арабите ја освојуваат Мира, ги откопуваат коските на светецот и ги носат во Бари, каде што се закопани и денешен ден.