
Жената по име Солен Сан Хозе како претплатничка на францускиот Буиг телеком (Bouygues Telecom) добила сметка од 11.721.000.000.000.000,00 евра.
Солен ја добила сметката кога се обидела да го раскине договорот. Таа била свесна дека ќе има пенали за предвремено раскинување, ама очекувала поразумна сума.
"Има толку многу нули што не ни знаев колку пари се тоа," изјавила Солен.
Дополнителен проблем за Солен било што едвај ја убедила компанијата дека станува збор за грешка. Па по некое време натегање со телекомот, тие конечно и наплатиле 117,21 евро.