Темата околу Трамп и диктаторите пак ја започна самиот Трамп, кога на митинг пред неколку дена го пофали Садам Хусеин, дека иако бил стварно лош човек, тој бил добар во една работа: "Во убивање терористи. Толку многу беше добар во тоа. Не им ги читаше правата, не разговараше со нив, тие беа терористи и тоа беше крај."
И ова не му е прв пат на Трамп како збори позитивно за Садам, не му е прв пат ниту годинава, а не па општо.
Трамп успева да најде нешто позитивно и кај Ким Јонг Ун, кој доби пофалби за зрелоста во однос на годините, конкретно за тоа како успеал на 26 години да ја преземе власта по смртта на татко му, и тоа покрај закоравени генерали и останати безбедносни структури.
Во друга прилика тој ја пофали и кинеската влада за справувањето со демонстрациите на Тиенанмен, дека биле ужасни и крвави, ама покажале сила кога требало.
"Сега замисли Доналд Трамп да е претседател и да реагира на сите импулси што ги има и презентира. Тој постојано повторува дека би сакал да ги отвори законите за тужби, за кога на луѓето нема да им се допадне како се претставени во медиумите, да можат полесно да ги тужат новинските организации.
Што ќе се случи кога ќе се обиде да ги застраши новинарите со нешто повеќе од навреди? Што ако им нареди припадници на армијата да спроведат воени злосторства, како убивање на семејствата на осомничени терористи, како што кажа дека треба да се прави?" пишува Валдман во својата колумна.
Тревор Ноа за воодушевеноста на Трамп со диктатори (а и за Хилари):