Целата приказна се состои од два дела. Прво, според законите откако едно оружје (да речеме Калашников) ќе се расклопи на делови, тоа повеќе не се смета за оружје. Расклопено, неговите делови можат да бидат одделно продадени (на пример за резервни делови) или пак како комплет (нешто како маса од ИКЕА). Сето ова легално се купува на интернет и легално се доставува до домот на купувачот.
Вториот дел од приказната се интернет форумите на "љубителите на оружје" на кои се организираат т.нр "build party," на кои доаѓаш со твојот комплет од растурен Калашников. Тука домаќинот ти дава совети како да го составиш автоматот, а и помага во изработка на неколку едноставни делови кои обично не доаѓаат во комплетот.
По ова имаш автомат кој и е комплетно непознат на полицијата, за кој нема никаква евиденција, ниту пак некој знае дека ти го поседуваш.