САД забрани лудаци

Како ретко кога Претставничкиот дом на САД се обедини по едно прашање и со 398 гласови За и 1 Против го донесе законот со кој се забранува користењето на зборот - лудак.

Гласањето следуваше откако забраната прво успешно го мина Сенатот. Сега само уште Обама треба да го потпише актот за тој да стапи на сила. Законот забранува користење на "лудак" (lunatic) во сите американските закони.

"Федералните закони треба да го отсликуваат денешното сфаќање за менталните болести, а понатамошното користење на овој навредлив термин не може повеќе да биде дел од американското законодавство," објаснува сенаторот Кент Конрад од Северна Дакота.

Од Националната асоцијација за ментални заболувања, побарале бришење и на зборот "ментално неисправни." Претходно во 2010-та од законодавството беа избришани зборовите - ретардиран и ретардација.

10 декември 2012 - 10:14