Германците ја следеле работата на делот од мозокот задолжен за чување на информациите, додека испитаниците разгледувале најразлични компјутерски фотографии.
Дел од фотографиите биле порнографски, дел без никаква врска со секс. На регуларните фотографии имало луѓе во најразлични ситуации (смеење, спортување, носење оружје). Порно фотографиите имале порно.
Додека ги гледале сликите, испитаниците требало да одговорат дали сликата што ја гледаат е дупликат или не, стискајќи на едно од двете копчиња.
Резултатите се: 20% неточни одговори кога се гледаат регуларни слики, 33% неточни одговори кога се гледа порно.
Бидејќи во истражувањето учествувале само хетеросексуални мажи, не е познато дали исто однесување може да има и кај геј мажи и жени.