
Според податоците од нивната асоцијација за управување со енергија и вода, во втората половина од 2024 година, во просек, само 17 проценти од јавно достапните станици за полнење на електрични возила во Германија биле истовремено зафатени. Со други зборови, повеќе од четири петтини од нив се неискористени во поголемиот дел од времето.
Уште поалармантни звучат податоците од анализа на компанија специјализирана за пазарни податоци. Според таа анализа, дури 25 проценти од бензинските пумпи воопшто не биле користени во набљудуваниот период.
Во некои делови од земјата, просечната истовремена искористеност е само три проценти. Ова значи дека за возачите на електрични автомобили, 97 проценти од станиците за полнење се слободни во секое време.
Ваквата реалност го натера најголемиот германски давател на услуги за полнење, енергетскиот концерн EnBW со седиште во Карлсруе, да ги намали амбициите: од првично најавените 30.000, да спушти на 20.000 станици до 2030 година.
На почетокот на февруари 2025 година, во Германија имало вкупно 161.686 полначи, 21% повеќе од претходната година. Најмногу пораснал бројот на брзи полначи - 39% за една година.
Федералната влада сè уште се држи до таргетот до 2030 година во државата да има еден милион полначи за електрични возила.