Органската храна преоѓа во рацете на конзервативците

Органската храна отсекогаш се поврзувала со поимоќните урбани слоеви кои по правило инклинирале кон леви идеи и Демократската партија. Но, најмоќен поборник на органското производство станува човек од бааги десна влада, Кенеди Јуниор, кому ова му е особено битна тема. Ама па сега некои стравуваат дека неговото инсистирање на органско производство може да ѝ наштети на климата. 

Лани во октомври, Роберт Ф. Кенеди Јуниор стоеше пред седиштето на Министерството за земјоделство на САД за да укаже на лошите состојби на американското земјоделство и неговите големи фарми, пестициди, хербициди и слично.

„Кога Доналд Трамп ќе ме внесе во оваа зграда, нема да биде исто“, рече тој.

Трамп не го стави во тој департмент туку го номинираше за малку повисоко, секретар за здравство и човечки услуги, што му носи контрола на политиката за вакцини, финансирањето на науката и јавното здравје. Од таа позиција би имал влијание и врз она што му  особено важно - органското земјоделство.

Во таа насока е и неговата камапања МАХА (Make America Healthy Again), но некои стравуваат дека e опсесијата на РФК Јуниор со органското може да биде сериозен ризик за климата.

Тоа се оние еко-кругови кои се фокусирани главно на фамозниот карбон футпринт. Таквите се загрижени дека префрлањето на органски култури ќе ѝ отежне на Америка да ги постигне своите климатски цели. Елем, органските култури произведуваат помал принос по единица земјиште па се потребни поголеми површини земја за да се одгледа иста количина. А со тоа се зголемуваат емисиите на јаглерод.

Веќе испратија писмо со кое се спротивставуваат на номинирањето на Кенеди на моќната позиција, наведувајќи го предупредувачкиот пример на Шри Ланка: таа земја во 2021 година, предводена од еко активистката Вандана Шива, која РФК ја смета за „херој“, донесе одлука за префрлање на органско производство, што доведе до пад на приносите, вртоглаво покачување на цените на храната и насилни демонстрации кога луѓе упаднаа во претседателската палата.

Тој ќе има и поинакви политички предизвици: само околу 1 процент од обработливото земјиште во САД е сертифицирано како органско, при што огромното мнозинство земјоделци се потпираат на моно култури, пестициди и вештачки ѓубрива, токму оние практики против кои е РФК. Ако тој ги заостри правилата, на земјоделците тоа нема многу да им се допадне, а тие се сериозна база на Трамп.

4 февруари 2025 - 11:49