ОЕЦД ги објавува резултатите од глобалното истражување на тема писменост, спроведено во 26 земји на 166.000 возрасни лица (меѓу 16 и 65 години). Биле тестирани вештини во писменост, основни математички познавања и базични технолошки сознанија.
Еве ја одма табелата.
Јапонија, Финска и Холандија се кремот додека најголеми дунстери се надмените европски нации: Франција, Шпанија и Италија.
Според истражувањето, во Италија или Шпанија, треба да минете 19 луѓе за дури 20-от да ви се погоди со одлични писмени вештини.
Американските медиуми со извесно задоволство ја пренесоа веста иако се подпросечни во сите три испитани области. Но, барем не се најглупи, што покрај дебелината, е една од најчестите карактеристики кои светот стереотипно им ги припишува.
Американскиот случај е интересен и затоа што кај нив е најголем јазот меѓу одлично писмените и ужасно неписмените, што зборува за општите социјални разлики во нивното општество.
Целото истражување - тука.