
Рекламата за SodaStream е забранета во Британија бидејќи тамошното надлежно тело решило дека таа ги поттикнува гледачите да престанат да купуваат безалкохолни пијалоци.
"Мнозинството одлучи дека рекламата може да се перципира како наговарање на луѓето да не одат во супермаркетите и да купуваат безалкохолни пијалаци, туку наместо тоа да помогнат да ја спасат природата купувајќи SodaStream," пишува во соопштението на ClearCast.
Видеото беше забрането само неколку часа пред неговото прво емитување на британските телевизии.
SodaStream е израелски изум кој служи за правење газирана вода и сокови по дома.
Рекламата е дело на агенцијата Common, која е управувана од Алекс Богуски. Токму Кока-кола беше поранешен клиент на Common.