Ова е така се до минатата недела кога американската Национална архива објавува илјадници страници дотогаш тајни документи кои покажуваат дека делови од ЦИА во годините по убиството биле загрижени дека официјалната приказна околу атентатот е погрешна.
Клучни функционери на ЦИА во средината на 1970-те се загрижени дека ФБИ, Тајната служба и Вореновата комисија (задолжена за истражување на убиството), никогаш не истражиле некои важни докази за контактите на Ли Харви Освалд со странски агенти, вклучително и дипломати и шпиони од СССР и Куба.
Меѓу работите кои не се истражени е и 6-дневното патување на Освалд во Мексико сити на два месеца пред атентатот. Во документите се наведува и дека ЦИА и останатите агенции не успеале да ги следат доказите дека Освалд, кој јавно се залагал за револуцијата на Кастро дури и кога е на служба во маринците, е во контакт со кубански дипломати уште од 1959.
Во документите од ЦИА се шпекулира и дека Освалд решава да го убие Кенеди откако во локалниот весник прочитал дека неговиот херој Фидел Кастро бил мета на обид за атентат од администрацијата на Кенеди. Според овие никогаш не докажани тврдења, Освалд одлучил тој да се одмазди во името на кубанскиот претседател.
"Доколку ова се докажало дека е точно, тоа би покренало далеку попроблематични прашања за ЦИА: Дали е можно атентатот на Џон Кенеди да е, директен или индиректен, одговор на обидите на шпионската агенција да го убие Кастро?" се порачува во текстот на Филип Шенон и Лари Сабато за Политико.
И пред објавата на овие документите веќе неколку децении се знаеше дека ЦИА и ФБИ повеќекратно ја лажеле Вореновата комисија, и заташкувале информации за време на истрагата во 1963 и 1964 во надеж дека комисијата ќе се фокусира на "она што агенцијата верува дека е најдобрата вистина" - дека Ли Харви Освалд, од уште не откриени мотиви, делува сам во убиството на Џон Кенеди.