На ланската средба со Олаф Шолц, канадскиот премиер ја закопа идејата за извоз на течен гас во Германија порачувајќи дека Канада во тој дил нема „бизнис кејс“.
Потоа германската влада и енергетскиот гиган РВЕ постигнаа договор да се размонтира дел од фарма за производство на обновлива енергија од ветар во Северна Рајна Вестфалија за таму да се копа јаглен.
За возврат, компанијата се обврза постепено да го исфли јагленот до 2030 година, осум година порано од предвидениот рок (откако ударнички ќе ги црпи наоѓалиштата).
Енергетската консултантска фирма Аурора порача дека употребливоста на лигнитот и природно ќе заврши околу 2030-та година бидејќи тој брзо станува неекономичен во споредба со другите поевтини извори на енергија.
За властите ова е добар климатски договор, а активистите бараат забрана на секаков договор кој оди на штета на обвновливите извори на енергија.
Проширувањето на наоѓалиштето Гарцвајлер, веќе доведе до значително уништување и раселување на заедници во областа западно од Келн последниве години, при што неколку општини мораа да се дислоцираат.