
ЕУ одлучи дека во иднина на сите фудбалски топки (не оригиналните) мора да има налепница дека заради можноста од задавување тие се опасни за деца под 3 години, и покрај тоа што топките се поголеми отколку главата на нивните родители.
Веста ја потврдуваат неколку производители, како британскиот Belico Sports, кој годишно продава илјадници пластични топки. Од таму изјавуваат дека од сега мора да го печатат известувањето на сите нивни топки.
Топките веќе го имаат печатот CE (Conformite Europeene) кој покажува дека тие се во согласност со европското законодавство и дека ги минале тестовите за "унифицираните нивоа на безбедност."