Ете, и тоа го решивме: рајот постои

Американски неврохирург често слушал приказни на свои пациенти кои имале блиска средба со смртта. Ги сослушувал од чиста куртоазија сè додека и самиот не паднал во кома и - отишол во рајот.

На доктор Ибен Александер му е сосема јасно што се случува со мозокот во моменти кога организмот се соочува со смрт. Јасно му е бидејќи е човек од науката, неврохирург со одлична репутација и големо искуство.

Но, откако се разбудил од кома, убеден е дека "другата димензија" за која дотогаш со скепса слушал од своите пациенти навистина постои. Бидејќи научно не може поинаку да го објасни феноменот.

Тој паднал во кома заради бактериски менингит. Escherichia coli му го нападнала кортексот и тој практичлно бил исклучен. Барем во делот кој ги регулира мислите и чувствата. Искуствата за кои слушал (тунели, облаци, ангели, топлина, спокојство) дотогаш ги објаснувал како импулси предизвикани од неправилно функционирање на кортексот. Но, во неговиот случај не постоело неправилно функционирање туку комплетно нефункционирање на мозокот.

А  искуството за кое сега сведочи е комплетно како во споменар: бил на облаци, имало спокојни звуци, некакви виши форми на живот, жена која го следела и комуницирала со него без зборови....

Ако ви се чита тоа - тука

 

9 октомври 2012 - 10:06