
Новата машина се вика Резоматор и во неа телото се потпоува во алкален раствор од калиум хидроксид кој за 3 часа го раствора телото и го сведува на скелетни остатоци кои потоа се процесираат во бел прав кој му се дава на семејството, како пепелта од стандардните крематориуми.
За процесот се потребни само 300 степени, што е 7 пати помалку од вообичаениот процес на кремирање.
Резоматорите ги викаат и зелени крематориуми бидејќи испуштаат една третина гасови помалку од досега, овозможуваат одвојување на забните пломби и се спречува испарувањето на жива во атмосферата, што беше еден од најнесаканите нуспојави на стандардните печки за спалување.