
Комплетот Ultimate Outdoor Entertainment System е дел од Божиќниот каталог на Неиман Маркус за 2013-та и доаѓа со водоотпорен ЛЕД екран со големина од 201 инч. Екранот е сместен под земја, за да не виси по цел ден низ двор, и се вади со стискање на копче.
Во системот е вклучено и сараунд озвучување, ДирекТВ сателитски пакет, 300 однапред симнати филмови и два Ајпад Мини кои користат како далечинско.
За тие што ќе имаат проблем со звукот, системот нуди надградба на звучниците со два џиновски надворешни звучници, кои ќе ве чинат дополнителни 1,14 милиони долари.
За сите заинтересирани, во цената е вклучена испораката и инсталацијата на опремата.
Инаку, за секој купен систем компанијата ќе донира по 10 илјади долари.