Кога станува збор за лицемерието и двојните стандардни, ЕУ е во посебна класа, пишува Норман Луис. Минатата недела, Европската комисија надмено објави дека решила да престане да се рекламира на платформата Х (поранешен Твитер). Наведува „широка загриженост во врска со ширењето на дезинформации“ на платформата, особено во врска со војната Израел-Хамас. Овој бојкот е дел од пошироката кампања на ЕУ за припитомување на Икс во поглед на модерирањето онлајн содржини, особено Законот за дигитални услуги, кој му дава на Брисел моќ да го цензурира сето она што го смета за „говор на омраза“ или „дезинформации“.
Но, ако ЕУ е навистина толку педантна да не биде поврзана со „дезинформации“, тогаш можеби треба да се погледне во огледало. Во септември, ЕК започна една кампања на X за промоција на нејзиниот омилен проект, регулативата за сексуална злоупотреба на деца (CSAR), предложена лани од европската комесарка за внатрешни работи, Илва Јохансон.
На прв поглед, оваа регулатива изгледа неконтроверзна. Кој би терал контра на запирање на злоупотребата на децата? Но, во реалноста, она што се предлагаше е длабоко авторитарно.
Една од клучните мерки што првично беше дел од проектот беше „чет контрола“, што ќе ѝ овозможи на ЕУ да следи приватни разговори. Идејата е дигиталната кореспонденција да биде проверена за потенцијални кривични дела со употреба на вештачка интелигенција. Би била вклучена секоја порака испратена од граѓани на ЕУ, вклучително на Инстаграм, ТикТок па и и апликациите со шифрирани пораки, како ВоцАп и Телеграм.
Опасниот предлог предизвика разбирливи реакции зашто многу граѓани и организации го препознаа како напад на основното право на приватност на Европејците. Над 80 невладини организации потпишаа отворено писмо во кое се спротивставуваат на ЦСАР.
И притисокот за усвојување на ЦСАР заглави во скандал. Балкан Инсајт откри дека невладини за заштита на децата финансиски ќе заработат од продажбата на самата технологија за скенирање на корисници, витална за спроведување на контролата на разговорите.
Во центарот на оваа развиена лоби мрежа мрежа беше WeProtect Global Alliance, организација кооснована од ЕУ, САД и Обединетото Кралство, која добила еден милион евра од фондовите на ЕУ помеѓу 2020 и 2023 година. Еден од членовите на одборот на WeProtect е и функционер во комисијата (Антонио Лабрадор Хименез), кој играл централна улога во изготвувањето и промовирањето на регулативата - истиот предлог за кој WeProtect водел активна кампања со финансирање од ЕУ.
Иако CSAR бил популарен во меурот на ЕУ бирократијата, многу држави покажале резервораност кон идејата да ја отстапат приватноста на нивните граѓани. На состанок на Советот на Европската унија станува јасно дека предлогот нема да помине поради недоволна поддршка. Само еден ден подоцна, Илва Јохансон нарачува платената рекламна кампања на X за да го оживее предлогот. Кампањата конкретно била насочена кон Холандија, Шведска, Белгија, Финска, Словенија, Португалија и Чешка - токму оние земји кои според записникот од состанокот најавиле дека нема да дадат поддршка.
Доаѓаме до контроверзата: политичкото рекламирање на платформи како ИКс ЕУ го дозволува но со значајна рестрикција: политичкото рекламирање не смее да таргетира луѓе според нивната политичка или верска определба. Токму тоа што Комисијата го направила со кампањата.
Извештај за транспарентност на Икс покажа дека Европската комисија незаконски „микро-таргетирала“ за да биде сигурна дека рекламата нема да ја видат оние кои се критични кон ЦСАР. Кампањата не им се покажувала и на сите оние кои покажувале ангажираност околу заштита на приватноста, или пак биле евроскептици или популисти.
Тоа значи дека секој кој покажал некаков интерес за Брегзит, Виктор Орбан, Најџел Фараж или Џулијан Асанж бил исклучен од тоа да ја види кампањата. Од некоја причина, исклучени биле и луѓе кои се интересирале за христијанство.
Kампањата користела лични податоци кои биле ископани преку интернет - тактика што самата Комисијата еднаш ја осуди како „сериозна закана за фер и демократски изборен процес“.
Не само што ги прекршиле сопствените правила за приватност на податоците, туку и ваделе лажни информации. На пример дека „87% од Европејците поддржуваат автоматско откривање криминални активности] од интернет компании“, цифра која не само што не е потврдена туку постојат спротивни факти - дека за овој предлог практично нема поддршка меѓу европското население.
За среќа, се чини дека Комисијата решила да ги послуша мнозинството граѓани на ЕУ кои не сакаат нивните приватни пораки да бидат чешлани од Брисел. Најавија дека регулативата ќе биде разредена и ќе се брише контролата на разговорите.
„CSAR беше злобен обид да се воведе масовен онлајн надзор. Засега ЕУ отстапи. Но, ако овој скандал докажува нешто, тоа е дека бирократите во Брисел се решени, со морков или со стап, да ги еродираат основните европски слободи“, прпедупредува доктор Луис.