
Се разбира, Нурсултан Назарбаев.
Саканиот претседател чие име забрендира безброј улици, паркови, училишта и инситуции во земјата, од минатата година доби и свој личен а национален празник. 1-ви декември е денот кога Казахастан се стекна со независност а прв претседател стана знаете кој.
Како загревање за големиот празник, министерството за образование организираше сеопшто училишно натпреварување на тема кој подобро го познава ликот и делото на Назарбаев.
Самиот празник се обележува со музички настани, изложби и спортски натпревари а за да не остане само на еден ден, истото министерство прогласи и "недела на Назарбаев" во кој се одржуваат панел дискусии, младински форуми и изложби на тема која ја знаете.