
Наплатата се однесува само за новите документи поврзани со американските избори (околу 200.000 фајлови), дел од кои веќе се објавени.
Секој што ќе се обиде да пристапи до информациите е пречекан со "пеј-вол" кој преку поп-ап прозор бара донација од 15, 25, 50 и 100 долари.
Ваквата одлука на Викиликс веднаш ги "освои" критиките на Анонимус, кои целата работа ја нарекоа "чудна, погрешна, срамна и WTF."
Од Викиликс објаснија дека избирањето опција меѓу донација, шерување и твитање за кампањата не е поставување "пеј-вол." Тие не најавија до кога ќе трае новата политика за наплаќање.