Британија може раат да го чека Божиќ

Во Саутемптон се укотви најголемиот брод за контејнери во светот, 396 метри долгиот Марко Поло, до врв наполнет со кинески производи кои треба да завршат како подароци за Божиќ.

Бродот со големина на 4 фудбалски игралишта, беше натоварен со 16.000 контејнери во кои има се од телевизори и мебел до алат и облека.

Марко Поло е изграден во Јужна Кореја од компанијата Даеву, и е подолг од најголемиот носач на авиони во Западна Европа, Шарл Де Гол.

Истата фабрика следната година треба да произведе уште 2 вакви бродови, со капацитет од 18.000 контејнери.

10 декември 2012 - 14:22