Британија, господар на светот?

Британците некако имаат пресметано дека во текот на историјата успеале да освојат 90% од државите во светот. Да, вклучително и нас.

Историчарот Стујарт Лејкок во својата книга "All the Countries We've Ever Invaded: And the Few We Never Got Round To" пишува дека само 22 држави во светот останале недопрени од Велика Британија.

Во анализата на неговата книга, Телеграф открива дека Лејкок бил прилично либерален во дефиницијата за "освојување." Критериумот на Лејкок е дека Британците треба да постигнат "некаков вид на воено присуство на територијата - без разлика колку преодно - преку сила, закана од сила, преговори или исплата," за тоа да се смета за инвазија.

По овој критериум се земаат во предвид и упадите од британските пирати или вооружените истражувачи кои работеле со одобрение на владата.

22-те држави што Британците никогаш ги немаат освоено:

- Андора
- Белорусија
- Брегот на Слоновата коска
- Боливија
- Бурунди
- Ватикан
- Гватемала
- Киргистан
- Конго
- Лихтенштајн
- Луксембург
- Мали
- Маршалските острови
- Монако
- Монголија
- Парагвај
- Сао Томе и Принципе
- Таџикистан
- Узбекистан
- Централно Африканска Република
- Чад
- Шведска

 

5 ноември 2012 - 10:54