Годинава против туристите се дигнаа мештани од градови во Шпанија, Италија, Португалија, Грцја.....
Им го уништуваат раатот, им ги дигаат цените на недвижнините, водат кон гентрификација, им трошат вода. Во исушената Сицилија, доста градови почнаа да одбиваат туристи заради недостиг од вода.
Владите не се најрасположени да се солидаризираат со локалците бидејќи туристите носат пари и се битни столбови на економијата: 11,3% за Хрватска, меѓу 6 и 8% за Португалија, Грција, Шпанија и Италија.
Делумно и заради туризмот, Шпанија, Португалија и Грција - кои долго заостануваа зад големите европски економии - лани го надминаа остатокот од ЕУ. Забележаа раст на БДП преку 2% додека останатите каскаа со 0,5%.
Ама па, не се трпи.
Се пробува хаосот да се менаџира со разни средства: нема селфија на подрачјето на Портофино, нема седење на Шпанските скали во Рим, нема гигантски крузери на Санторини и Дубровник, нема еспадрили на Чинкве Тере.... Венеција воведе, влезници, Барселона најави стопирање на изнајмувањето станови.
Многу градови унесреќени од претеран туризам гледаат спас во моделот на Амстердам кој е на пат туризмот да го стави под контрола: забрани пушење трева кај црвените фенери, покрена кампања против разулавените (главно британски) млади, најави забрана за изградба нови хотели...
Копенхаген, пак, одбра поотворен пристап: се нудат награди за климатски прифатливи однесувања на туристи. Оние кои возат точак, користат јавен превоз или собираат ѓубре по град, можат да заработат разни награди: од филџан кафе до бесплатна посета на музеј.