Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

ЕУ за нас нема гаранции, има закани

18 април 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • На прашање дали ЕУ и земјите членки можат да гарантираат дека по спроведување на уставните измени не би имало нови блокади поради билатерални прашања, поврзани со идентитетот, јазикот или историја, еврокомесарката за проширување Марта Кос вели дека гаранции не може да има.
  • Во стил на прочуената ЕУ контрадикторност, Кос вели дека најдобро би било билатералните прашања да не се мешаат во пристапниот процес ама дека треба да се решат билатерални прашања за да се почнат преговорите за членство.
  • Како натаму? Ни власта, ни опозицијата, а ни челниците на ЕУ, немаат ни одговор ни решение. Македонските граѓани, пак, се изморени од условувањата за почеток на преговорите за членство, особено од оние кои не беа поврзани со критериумите за реформи. Знамето, името на државата...

извор

Насилства, жртви и запалена црква од огномети во Холандија

2 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Две лица загинаа од пиротехнички средства, десетици граѓани и полицајци се повредени и изгоре стара црква во масовни огномети на пречекот на Новата година во Холандија.
  • Момче од Нијмехен и маж во Алсмер загинаа во инциденти со огномет. Во Амстердам пиротехника ја запалила црквата Вонделкерк од 19-ти век. Изгоре и се урна кулата висока 50 метри, покривот е сериозно оштетен, но структурата останала здрава.
  • Кон полицајците распоредени да ги смират нередите на уличните прослави во Бреда биле фрлани молотови коктели, а биле нападнати и пожарникари што интервенирале на пожари. Уапсени биле повеќе од 250 луѓе.
  • Холанѓаните потрошиле 129 милиони евра на ракети и петарди на последниот дочек на Новата година на кој беше дозволена употреба на пиротехнички средства. Од 2026 година со закон е забранета продажба и употреба на петарди и ракети. Здравствени работници, полициски синдикати и пожарникари со години инсистираа на забраната.
извор

Мадуро сака преговори со САД за нарко-картелите и нафтата

2 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Венецуела е отворена за преговори за договор со САД за борба против трговијата со дрога, изјави претседателот Николас Мадуро, во снимено интервју додека вози автомобил.
  • Спроти новогодишната ноќ американската војска објави дека извршила напади врз пет бродови што наводно шверцувале дрога од Венецуела. Досега беа нападнати 35 бродови и беа убиени најмалку 115 луѓе, според бројките на Пентагон.
  • Мадуро оцени дека цел на американските напади е промена на власта во Венецуела и пристап до нејзините огромни нафтени резерви.
  • „Јасно е дека сакаат да се наметнат преку закани, заплашување и сила... Ако сакаат сериозно договор за борба против трговијата со дрога, ние сме подготвени. Ако сакаат нафта, Венецуела е подготвена за американски инвестиции, како со Шеврон, кога сакаат, каде сакаат и како сакаат“, изјави Мадуро. Шеврон е единствената голема нафтена компанија што извезува венецуелска сурова нафта во САД. Венецуела има најголеми докажани резерви на нафта во светот.
  • Мадуро одби да го коментира нападот на ЦИА со дронови врз венецуелско пристаниште што наводно го користеле наркокартелите. Најави дека за тоа „ќе може да зборува за неколку дена“. 
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Кочански ужас во Кран-Монтана

2

SRETNO, SREĆNO, SREČNO, СРЕЌНО, SRETNO BA....

Балканштина
3

2025 година, година црвеното апче

Мислења
4

Бобан Авалон го плеска Аспарух

Македонски рулет
5

Најлудите превари со пари на ЕУ

Свет
6

Сокол на двете страни на Шутка

7

Имајте среќни празници. Раат и мир.

Разно
8

Како и да сте си поминале за Нова година, ваква вечера сигурно не сте имале

Bookbox
1

Кочански ужас во Кран-Монтана

2

2025 година, година црвеното апче

Мислења
3

Најлудите превари со пари на ЕУ

Свет
4

Сокол на двете страни на Шутка

5

Имајте среќни празници. Раат и мир.

Разно
6

Банкротираат „револуционерните“ фарми за инсекти

Занимливости
7

Украина нема пари за голема армија

Свет
8

САД ги блокираа парите за Минесота од кои се богатеа измамници

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

SRETNO, SREĆNO, SREČNO, СРЕЌНО, SRETNO BA....

Балканштина

Ако не можеш да ги победиш...

Балканштина

Ако нешто нè гневи...

Балканштина

Некогаш џабе се и книгите

Македонштина

Ние си најдовме, вие мислете му ја

Македонштина

Ѓорче Петров, отворена општина

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Емоции, втора лига

Невиден виц на денот

Свирете ја "Ентер, ентер"

Глувци против луѓе

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy