Јункер во крајно европски манир им се заблагодари на сите парламентарци кои се помачиле да се појават на седницата за во следниот момент да им каже дека малиот број присутни покажува дека "парламентот е неозбилен".
Ова беше реакција на Јункер на тоа што од 750 европратеници во моментот на седницата имаше едвај триесетина.
Изјавата повлече инстантна реплика од Тајани, кој му порача на Јункер да покаже повеќе почит, бидејќи "Комисијата не го контролира Парламентот, туку обратно".
"Само неколку членови на Парламентот ја контролираат Комисијата? Смешни сте," изјави Јункер.
Одговорот на Тајани беше: "Не сме смешни!"
Инаку, Јункер и Тајани се од иста партија.