Идејата ја тестираат Италијанци, кои следат лајкови и коментари на 1,2 милиони луѓе, и нивните интеракции со "алтернативни" и меинстрим вести. Луѓето кои повеќе се навлечени на "алтернативниот наратив имаат тенденција да останат во рамките на нивната група," и ретко се решаваат да преминат кај "меинстрим вестите."
Истите истражувачи следат и околу 4.000 трол коментари на две одделни страни. Меѓу нив има и инфо како: линиите од авионите содржат Вијагра, создадена е машина со бесконечна енергија, и отровот против комарци што се користи во парковите содржи хемикалии отровни за луѓето. Луѓето што верувале во заговори било поверојатно да ги лајкуваат и споделуваат овие информации.
Критиката на една од истакнатите блогерки меѓу скептиците е дека истражувачите немаат поим во што веруваат луѓето блиски на неа штом мислат дека "Вијагра во линиите од авиони е нешто апсурдно."
"Ватсон ги брани своите ставови објаснувајќи дека теоретичарите на заговор веруваат дека прскањето оцет над нивните глави ги заштитува од влијанието на 'кемтреилс', и дека светската економија е управувана од луѓе гуштери," објаснува Синтија МекКелви.
Авторот, Валтер Кватрочоки, објаснува дека студијата не навлегува во детали околу верувањата на скептиците туку покажува дека тие (а и кој било) може да создадат "своја ехо комора" која само се засилува преку лајкови, број на луѓе кои го следат, коментари и споделувања.