Ведрана Рудан за Новак и Косор

Постојат некои ситни суштества кои цел живот сакаат да станат големи. Таквите мислат дека најкраток пат до ѕвездите е да се почешаат од оние навистина големите. Кутрата Јадранка Косор е една од нив.

Затоа нашето хрватско морално нешто почувствувало неодолива потреба да се произнесе и каже што мисли за Ѓоковиќ кој е затворен во некоја дупка во Австралија.

“Во уредени држави, каде законите важат за сите - законите важат за сите. „Знаеш ли кој сум јас?“ не поминува. Исмејување на правилата - не поминува. Ама, далеку е Австралија.“

Нашата поранешна премиерка пишува за кршење на законите и „исмевање на правилата“.

Жената која ќе влезе во хрватската историја, ако влезе, единствено како жената која се всели во стан од 120 м2 одземен од две српски момчиња чиј единствен грев бил тоа што биле Срби, се осмелува да пишува за „исмевање на правилата“.

Според „законот што треба да важи за сите“, госпоѓата имала право на стан од пеесетина квадрати. Не нужно српски.

Ѓоковиќ моментално е еден од најголемите спортисти во светот. Може да се каже дека бил наивен, но никој што знае нешто за него не смее да напише дека е арогантен човек. Сепак, таа се осмели. Поранешната премиерка на Хрватска, општо позната по „почитувањето на законот“.

Живееме во време во кое во секој момент до нас доаѓа ржење на морални хоризонтали од сите профили. Ѓоковиќ за таквите е црвена крпа. Веројатно нема поголемо задоволство од тоа да бидеш никој и ништо, да плукаш по споменик од нулта категорија и себе да си дадеш петка,  во твојата мала соба или голем, луксузен стан, сеедно. Сепак, Косор е последната на овој свет која би смеела да зборува за морал и чесност.

Ведрана Рудан

7 јануари 2022 - 09:51