Старт-ап културата нè враќа во пештера

"Никој не размислува за тоа како ќе изгледа утрешниот свет. Сите чекаме само некоја нова апликација," рече најактивниот астрофизичар на светот во последното свое инспиративно обраќање.

"И јас ги сакам апликациите, немојте погрешно да ме разберете. Но, општеството има поголеми проблеми од оние што можат да се решат со апликација; во транспортот, енергијата и здравството. Тоа се огромни сектори кои можат да се унапредуваат само со вистински иновации. Без тоа, се враќаме во пештера а таму сме тргнати. Во моментов ние сме една заспана нација, а сакам да бидеме нација на иновации,' рече Нил ДеГрас Тајсон во говорот во кој допре и многу други теми, од неговата улога во расчинувањето на Плутон како планета, преку Њутн па до значењето на оние кои ги смета за скриени гардисти на информациите и интелектуалната сопственост.

Еден час и пет минути:

15 октомври 2014 - 09:34