"Еве некои од идеите кои ги чув синоќа, од 11-те луѓе кои се натпреваруваат за една од двете достапни номинации за највисоката и најмоќна позиција во историјата на Земјата што се добива на избори:
- Укинување на 14-от Амандман (со кој се укинува ропството)
- Депортирање на луѓе родени во САД затоа што нивните родители не биле родени во САД
- Претворање на личните верувања на функционерите на државата во највисок закон во земјата
- Создавање на армија од дронови кои ќе патролираат милитаризиран ѕид по целата должина на границата меѓу САД и Мексико
- Депортирање на илјадници луѓе на ден се додека САД комплетно не се испразни од сите што не се граѓани на земјата.
- Започнување војна во Сирија
- Започнување војна во Иран
- Префрлање на прашањата од модераторот на Хилари Клинтон, која не беше присутна и која не ја бара републиканската претседателска номинација," пишува Алберт Бурнеко.
Изборот на кандидатите за дебата, на која не влегоа тројца "некако уште посмешни кандидати" Санторум, Грем, Џиндал и Патаки, и во која тројца од подобро рангираните кандидати, Трам, Карсон и Фиорина, никогаш не работеле на кое било ниво во Владата, "може да се интерпретира како показател за разидувањето на американската десница, и тоа веројатно е фер."
"Тоа исто така е премало за да се опфати комплетното лудило на, на пример, тоа што најгласниот аплауз на вечерта го доби Џеб Буш за тврдењето дека неговиот постар брат Џорџ Буш - архитектот на две непотребни војни и отуѓувачот на светот, и на чија стража оперативци на добро позната меѓународна терористичка мрежа го извршија најсмртоносниот напад на американска почва од бомбардирањето на Перл Харбор - 'не' чувал безбедни'. Она што тука се гледа не е само дезорганизирана десница, туку длабок, раширен презир кон целата идеја дека САД можат, требаа и заслужуваат да бидат владеени. Што, имајќи предвид дека САД не се ништо повеќе од договор меѓу значително различни и расфрлени заедници за согласност за споделување на иста влада, доведува до презир кон постоењето на САД.
Има многу што да ти се допадне околу тоа! Само земи го предвид изборот на брбливи психопати и кловнови и идиоти кои ноќеска беа на сцена. Идејата дека една влада може суштински да им служи на интересите и политичките приоритети на поддржувачите на Мајк Хакаби и оние на либертаријанската досада како Рон Пол е апсурдна. Теориите за владеење на двете групи имаат заедничка основа дебела отприлика колку човечко влакно, содржејќи општа согласност дека владата не би требала да прави пире од бебиња и ништо повеќе.
Тоа не е ни приближно доволно широка штица која може да служи за основа за влада која функционира, заради што и нашата не функционира. И ова е пред да се земат предвид останатите, околу 52 проценти од САД, кои мислат дека овие две групи се ебани манијаци. Ова не може да се проработи...
... Милиони Американци сакаат нивен следен претседател да биде Карли Фиорина - неспособниот, неуспешниот ЦЕО со никакво искуство во јавната служба која цела вечер ја пројде заканувајќи се дека ќе започне војна со половина од планетава. Таа беше дури осми по неодговорност психопат на сцената, а и секој од остатокот претставуваат широко гласачко тело. Ова не е неуспех на политичкиот систем - ова е политички систем кој работи, и ја изразува волјата на владеените.
Секое политичко уредување кое може да доведе до ваков исход треба да биде укинато. Распуштете ги САД, заменете ги со повеќе градови-држави, села и мали местенца; оставете публика што сака, да ја добие своја Карли Фиорина или Боби Џиндал, и оставете ги сите други да бркаат работа. Кандидатот што ќе го предложи ова, е кандидатот што треба да се поддржи," пишува Бурнеко.