„Во советско време, комунистичките власти се изразуваа со театрално жесток говор. Некомунистите беа напаѓани како хиени, шакали, мршојадци ( и слични гадни животни), или како бандити, нацисти, фашисти (и други непријатели на човештвото).
Како одговор на тоа, советските дисиденти развија свој јазик, фактуално прецизен и емотивно воздржан. Најважната дисидентска публикација намерно носеше комплетно невозбудливо име: „Хроника на актуелните настани“.
Важна е таа лекција. Доналд Трамп и движењето кое стои зад него добива сила од грдотијата во комуникацијата. Може да им се враќа со оние „вие бевте први, вие сте бетер“, ама тоа ќе нема сила како кога воопшто не им се враќа.
Ајде Трамп да си остане Трамп.
Ајде пристојните луѓе да си останат пристојни.
Верувајте во својата земја; не сите, ама доволно луѓе ќе ја забележат и ќе ја ценат разликата“.