Светските нации од англиското говорно подрачје кои споделуваат историски и идеолошки врски - таканаречената англосфера - некогаш беа сметани за најмоќни светски заговарачи за начелата на слобода. Меѓутоа, преку политичарите изгласани во 2022, ваквата општествена премиса исчезна, а нејзините принципи ги нема по ходниците на политичката моќ. Во англосферата денес е тешко да се најде макар и еден политичар или политички идеолог, од која било фракција на партиите кои владеат, кој вистински стои во одбрана на просветителските начела - истите оние кои во минатото беа предуслов за невидениот процут на човештвото.
Британската премиерка Лиз Трас поднесе оставка по само 6 недели владеење.
Голем дел од релевантните медиуми спомнуваа „ториевска буна“, што доведе до тоа слободарската раја да поверува дека можеби сме на прагот на вистинска борба за слобода. Се работи токму за спротивното.
Со глобална рецесија и економска криза во тек, британските политичари образувани на Оксбриџ (Оксфорд+Кембриџ) а калемени од Светскиот економски форум, ја сменија премиерката за 44 дена.
Британските познавачи на состојбите сега се кладат на Риши Сунак, некогашниот управител со државната благајна, како човек кој ќе ја замени Трас во премиерската фотеља.
Сунак е од Оксфорд и вака зборува:
„Предизвикот наречен климатски промени е јасен и итен. Мораме да обезбедиме одржлива и фер транзиција кон нет нула.“
Со други зборови: заминува старата марионета, доаѓа нова марионета.
Не е само Обединетото Кралство на вакви маки.
На секоја држава во англосферата ѝ е насадена марионета на чело на владата, а главните „спротиставени“ страни се задоени со исти агенди: „Големиот ресет“, „Четвртата индустриска револуција“, „Build Back Better“, климатската криза итн. Слободниот свет се сведе на глобален еднопартиски систем под авторитарна контрола.
Џо Бајден, замената на Лиз Трас, Џастин Трудо, Џасинда Ардерн, Ентони Албанезе, топтан со оние кои сакаат нив да ги сменат (освен некои крила во Републиканската партија) остануваат посветени на анти-слободарската агенда која наметнува глобалистичка пропаст на човештвото.
Што се случи со „Слободниот свет“?
Тешко е точно да се утврди, и останува дискутабилно, кога точно оваа парадигма стана тотална илузија, и кога сите до еден од нашите претставници беа заробени од анти-хуманистичките сили.
Но, во меѓувреме, стана прилично јасно дека оваа работа нема да биде решена на избори. Со цел човештвото да процвета одново, решенија мора да се побараат надвор од политичкиот систем.
Во 2022, англосферата која еднаш беше мотор на слободниот свет, не е ништо повеќе од илузија. Можеби добро е што за време на ковид хистеријата, милиони умови се освестија откако видоа на какви брутални авторитарни мерки се подготвени владите од англосферата.
Слободниот свет е комплетно заробен од анти-хуманистички сили. Повеќе од било кога претходно, сега мора да се размислува „надвор од (гласачката) кутија“.