Моралниот банкрот на Запад

Професорот од Чикашкиот универзитет кој го напиша текстот „Зошто Запад не сакаше да го слушне ова?“ и предупреди дека ако Украина продолжи по паметот на Запад, земјата ќе биде здробена, на крајот на 2024 година се  осврнува на една друга актуелна тема за која морничаво се молчи: Палестинците, Појасот Газа и она што таму го прави Израел.

На 19 декември 2024 година, Хјуман рајтс воч објави извештај од 179 страници во кој детално се опишува израелскиот геноцид во Газа.

На 5 декември 2024 година, Амнести интернешенел објави извештај од 296 страници во кој детално се опишува израелскиот геноцид во Газа.

На 21 ноември 2024 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант, за злосторства против човештвото и воени злосторства.

На 26 јануари 2024 година, Меѓународниот суд на правдата утврди дека може да се формира предмет дека Израел врши геноцид во Газа.

Со оглед на претпоставената посветеност на Западот за човековите права и особено за спречување на геноцид, некој би очекувал земјите како Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Германија, да го запрат израелскиот геноцид.

Наместо тоа, владите во тие три земји, особено САД, на секој чекор го поддржуваат незамисливото однесување на Израел во Газа.

Тие три земји се соучесници во овој геноцид.

Згора на тоа, речиси сите, а ги има многу, застапници за човекови права во тие земји, и на Запад генерално, молчеа додека Израел го извршуваше геноцидот. Мејнстрим медиумите речиси и не вложија напори да го разоткријат и оспорат она што Израел им го прави на Палестинците. Некои клучни медиуми цврсто ги поддржаа акциите на Израел.

Човек се прашува што си велат луѓето на Запад кои или го поддржаа геноцидот на Израел или молчеа за да го оправдаат своето однесување и да спијат ноќе.

Историјата нема да биде нежна со нив.

Џон Мершајмер

******

Види и:

Зошто Запад не сакаше да го слушне ова?

Украина нема да види мир

Кансел дивизиите тргнаа на Мершајмер

26 декември 2024 - 10:18