Група студенти од убниверзитетот во Чикаго тргнаа во кансел поход на професорот Мершајмер циркулирајќи писмо со кое се бара тој или да ги ревидира ставовите или да биде изземен и напуден од јавната сцена.
Гревот му е неговата анализа на Украина и западната политика кон оваа земја, која на Јутјуб стои уште од 2015 година со наслов „Зошто Украина е неуспех на Запад“а ние неодамна го објавивме во статијата „Зошто Запад не сакаше да го слушне ова?“
„Ги убедуваме дека ќе бидат дел од нас, ги охрабруваме да играат тврдо со Русија, и тие тоа го прават. Ако продолжат по тој пат, земјата ќе им биде здробена“, ќе каже во таа прилика пред седум години професорот, залагајќи се за неутрална Украина која би била во интерес на сите засегнати страни а би обезбедила пацификација на тој регион.
За дружината самопрогласени прогресивни студенти ова е чист „путинизам“ и бараат нивната образовна установа да најде начин како да го натера да ги смени ставовите.
„Мислиме дека е вредна кауза во борбата против агресијата на Путин да ги идентификуваме и осудиме оние кои активно се ангажирани во ширењето на путинизмот,“ велат тие во својот катиљ ферман и бараат универзитетскиот директор Пол Аливизатос да го осуди Мершајмер и да го „зацели проблемот“ предизвикан од неговите ставови.
Студентите не му простуваат затоа што рекол и дека дел од украинската владеачка елита кокетира со неонацисти, што украинската шарена револуција ја нарекол пуч и што рекол дека војната во Донбас во голема мерка е граѓанска војна.
Мершајмер има 74 години, се смета за либерален Демократ и го поддржуваше Берни Сандерс.
„Контроверзното“ видео оди кон 20 милиони прегледи.