Коментар на Варуфакис на 3-от пакет за спас на Грција

На пакетите им претходат Меморандуми за разбирање меѓу Грција и Тројката, "напишани на Тројка јазик тие се речиси невозможни за дешифрирање од оние кои не го зборуваат овој одбивен јазик."

Меморандумот сосе коментарот на Варуфакис е околу 60 страни. Ова е неговиот став за некои од клучните точки кои Тројката очекува Грција да ги испорача.

За данок на приход:
- Оригинал од Меморандум: До октомври 2015-та Владата a) ќе го поедностави распоредот за даночни олеснувања на лични приходи....

- Толкување од Варуфакис: на пример, ќе се осигури дека сиромашните повеќе ќе плаќаат, а богатите ќе имаат даночно олеснување.

---

- х) Во случај не каква било ревизија на зонската вредност на имотот, ако е неопходно ќе ги адаптира даночните стапки за имот за да се заштитат приходите од данок на имот за 2016-та, на барем 2,65 милијарди евра

- ќе се осигури дека имотот кој изгуби добар дел од својата вредност како последица на рецесијата се уште ќе се оданочува како процент од неговата стара, и неважечка вредност - јасна директива за поддршка на нефер даночни политики!

---

- к) да се стесни дефиницијата за фармери

- да се исклучат голем број нови фармери од дефиницијата која би им дала дел од субвенциите кои се неопходни за да започнат со работа.

 

За данок на имот:
- властите до септември 2016-та ќе ги порамнат сите процени за вредноста на имотот со пазарните цени, што стапува на од јануари 2017-та.

- Како точно ќе го направат ова кога во многу делови на Грција нема пазар на недвижности, во смисла дека таму како последица од рецесијата не е направена речиси ниту една продажба. Како човек би проценил куќа за која нема пазар?

 

За подобрените алатки за собирање данок:
- (Властите до октомври 2015-та треба да) г)воведат ако е правно можно авансно наплаќање во случај на даночни спорови.

- Тука постои опасност дека пресумпцијата на невиност е занемарена и дека 'запленувањето' ќе добие непосакувано засилување.

 

За засилувањето на независноста на Управата за приходи:
- Властите до декември 2015-та ќе назначат Борд на Гувернери и приоритетно ќе ја прифатат второстепената легислатива (клучни човечки ресурси, буџет) на автономната агенција за приходи, за таа да може да биде комплетно функционална до јуни 2016-та.

- Ова беше и е главното бојно поле против Тројката, вклучувајќи ги и локалните разграноци кои ја опфаќаат олигархијата. На ова ќе посветам посебен текст. Нашиот предлог беше дека независна даночна и царинска комисија треба да биде независна од владата, но и од интересите на олигарсите. За да се осигури ова ние предложивме нова институција под покровителство, и со одговорност кон, Парламентот. Тројката напорно работи да создаде институција која комплетно ќе ја контролира, прекриена со смоквин лист од локални кочници и контроли.

 

За јавните набавки:
- Грција треба да преземе дополнителни мерки во областа на јавни набавки за да ја зголеми ефикасноста и транспарентноста на грчкиот систем за јавни набавки, да спречи злоупотреба, и да осигури поголема одговорност и контрола.

- Ова е најголемото потценување. Набавките се еден од тријадата гревови и нивната вносна природа може да се провери со вртење еден круг околу северните предградија на Атина. Тројката никогаш, во последните 5 години, не се справи со ова гноење на околината. Дали сега тоа ќе го направат? Ако го направат ќе треба да се свртат против олигарсите чии медиуми ширеа пропаганда за време на петмесечните преговори. Ако Тројката се сврти против нив, и ги исполни овие ветувања, ова ќе биде најголемиот пресврт во историјата на политичката економија. Ама немој премногу да се надеваш на ова драг читателу.

Целиот пдф со коментарот, тука

17 август 2015 - 13:23