
Додека жените се подготвени да ги користат сите достапни ресурси за да стигнат до целта, мажите непоколебливо ќе се држат до својот оригинален "систем," дури и ако тој ги води во погрешен правец.
Кога ќе мораат да се соочат со фактот дека системот не им функционира, мажите обично стануваат конфузни и тоа најчесто резултира со стискање на педалата за гас до крај, во обид да избегаат од ситуацијата. (Имало и случаи кога во паника мажите возеле и по неколку километри во спротивен правец, само за да се вратат на правиот пат.)
Зборувајќи за БиБиСи радио 4, експертот за навигација Тристан Гулеј, објаснува за снаодливоста на жените кои ги користат сите можни показатели, во однос на паниката на мажите.
"Кога им покажав слика со куќа зад која сонцето малку се гледа, мажите не можеа да погодат дали тоа изгрева или заоѓа, додека жените сфатија дека тоа заоѓа бидејќи во куќата беа вклучени сијалиците," објаснува Гулеј.
Како дополнување на ова, тој објаснува дека мажите не прифаќаат да прашаат за упатства бидејќи на тој начин индиректно ќе признаат дека системот не работи.