Традиционален хуманитарен настан во НОВА за помош на настраданите во Кочани

Семејниот фестивал НОВА, настан кој препраснува во традиција, ќе се одржи во сабота (10 мај), со почеток во 11 часот на училишниот кампус. Овој добротворен настан со благородна мисија служи за собирање средства што потоа се донираат на најзасегнатите. Оваа година значителен дел од собраните средства ќе биде наменет за фамилиите погодени од трагедијата во Кочани. Останатиот дел од средствата ќе бидат употребени за реализација на ученички иницијативи поврзани со хуманитарни активности.

Семејниот фестивал нуди најразличен вид на забава за сите возрасти: од храна од 15 различни кујни, лотарија со вредни награди, музички точки од учениците и концерт, до мини-зоолошка градина, замоци за скокање и разни видови игри.

-    Оваа година, Семејниот фестивал се одржува по 14.пат и од година во година станува се’ поголем и побогат во неговата содржина. Тоа подразбира и дека успеваме да собереме и поголем број средства за донации. Вообичаено соработуваме со разни невладини организации преку кои ги донираме средствата, но овој пат одлучивме дел од нив да бидат донирани на лицата погодени од трагедијата во Кочани - велат претставници на Асоцијатата на родители и наставници, која е организатор на настанот.

Во изминатите години, собраните средства на настанот биле наменети и за Клиниката за педијатриска хематологија и онкологија при Универзитетската детска клиника; Домот за деца без родители „11 Oктомври“ во Скопје; Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, Заводот за ментално здравје на деца и младинци (ЗМЗДМ) „Младост’’, подобрување на условите во интернатот во с. Драгоманци, како и за основното училиште ,,Браќа Миладиновци’’ од Куманово за деца со атипичен развој, итн.

Семејниот фестивал е настан отворен за широката заедница. Ги каниме сите заинтересирани да го поминат денот во духот на меѓународното пријателство, отвореноста кон различни култури, но и враќање кон заедницата, и навистина да им помогнеме на оние кои имаат најголема потреба за тоа. Не пропуштајте!

(Комерцијален текст)

6 мај 2025 - 08:07