Откривањето и воведување на телевизијата во животот на луѓето стана пресвртна точка во историјата на човештвото. Телевизијата во последните неколку децении доживеа најголема еволуција, од технолошки аспект, како и од понудата на широк спектар нови, интерактивни и иновативни ТВ канали. Пред педесет години, оние кои имаа телевизор можеа да гледаат само неколку канали со програми во црно-бело, а денес повеќето домаќинства имаат телевизори во секоја соба и можност да гледаат голем број канали со најразлични содржини, пренесени во живописни бои и високи резолуции. Факт е дека со тек на времето сè се менува, вклучувајќи и ја и телевизијата којашто донесе голема промена во нашите секојдневни животи.
Телевизиските програми отсекогаш биле извор за учење, а денес таа база преставува глобална мрежа за добивање информации 24 часа на ден, од различни региони во светот. Тоа го овозможуваат различните канали и програми, напредните опции, интерактивноста, интеграцијата со останатите медиуми. Македонија не е исклучок од таа глобална мрежа, па затоа и телевизиските провајдери постојано се натпреваруваат да донесат и да воведат што повеќе и што поразлични канали во понудите за своите клиенти и гледачи. Затоа, денес гледањето телевизија е незамисливо без опциите снимање, паузирање и премотување на програмата во живо, родителска контрола, а токму тоа го нуди Неотел преку НеоТВ, опции што се вклучени во сите понудени пакети. Благодарение на платформата, НеоТВ, овозможува и прилагодување на омилените содржини кои корисникот сака да ги гледа според своите желби, нешто што не постоеше до пред неколку години. Изборот на канали е умешно селектиран имајќи ги предвид интересите на различните публики и на тој начин е направена богата селекција од забавни, филмски, спортски и информативни канали, сите во склоп со барањата и желбите на корисниците. Додека пак, платформата, односно целиот проект е изработен од страна на македонски инженери.
Покрај традиционалното гледање телевизија, со НеоТВ може да се следат програмите локациски каде било, на таблет и на смартфон, а со уредот на НеоТВ, телевизорот се претвора во мини компјутер.
Со ваквите свои напредни решенија и понуди, Неотел опстојува на македонскиот пазар повеќе од 10 години и низ целото тоа време постојано нуди нов и широк спектар на услуги од областа на широко-појасен пристап, фиксна телефонија, дигитална телевизија, како и бројни деловни телекомуникациски решенија и услуги кои го прават Неотел препознатлив како во нашата земја, така и во странство.
Генерално земено, ваквиот развој и револуционерен тек на модернизирање на телевизијата се должи на воведувањето нови технологии, каде модерниот телевизор има поголеми можности за комуникација со публиката, правејќи ја врската персонализирана и далеку поинтерактивна од порано. На ваков начин, телевизија ја прави публиката не само група потрошувачи, туку и индиректни учесници при креирањето содржини на телевизиските канали и иден мотив за понатамошниот развој на телевизија како медиум и канал за информирање.
(комерцијален текст)