
Зошто Brainster Next College?
Ние сме првиот практичен факултет за дизајн и софтверско инженерство во Македонија, заедница на идни лидери, иноватори и креатори кои уште од првиот ден градат своја кариера со наша поддршка.
Нашата мисија е едноставна: да те подготвиме за успешна кариера во светот на бизнисот и технологиите преку практично и релевантно образование што одговара на реалните потреби на индустријата.
Иновативен финансиски модел: студирај за 0 денари, плаќај по вработување!
Финансиските грижи не треба да ти ја ограничуваат иднината, затоа во Brainster Next College го воведовме моделот кој ти овозможува да студираш без да плаќаш школарина додека траат студиите, а обврската за плаќање да започне дури кога ќе се вработиш. Со инвестиција од над еден милион евра во развој на програми, опрема и ресурси, ти обезбедуваме најсовремени услови за учење и раст. Brainster Next обезбедува гаранција со 1.250.000 евра за овој модел да е возможно да се реализира – бидејќи ние сме убедени во капацитетот на нашите студенти и сме сигурни во квалитетот на нашата програма.
100% од нашите дипломци веќе се со работен ангажман
Паралелно со студиите, нашите студенти активно работат на реални проекти со над 200 компании и стартапи, развиваат продукти со вистински импакт во заедницата, ја градат својата професионална мрежа и стекнуваат искуство преку летни пракси и подготовка за интервјуа. На овој начин, уште пред да дипломираш ќе имаш вештини, портфолио и контакти кои те водат кон првото работно место – а ние сме толку сигурни во квалитетот на нашето образование, што по завршувањето на студиите, работниот ангажман ти е загарантиран.
Како го правиме тоа?
1. Во Brainster Next College веруваме дека најдобриот начин да научиш е преку работа на реални проекти. Затоа, уште од првиот ден нашите студенти соработуваат со компании и стартапи, решаваат вистински предизвици и создаваат продукти кои имаат реален импакт. Така произведуваме почетници со работно искуство: додека студираат, студентите градат портфолио, стекнуваат практични вештини и работно искуство кое ги издвојува на пазарот на трудот.
2. Нашата релевантна програма е внимателно креирана за да одговори на потребите на професиите на иднината, од вештини во областа на вештачката интелигенција и современото претприемништво, до иновации, дизајн и критичко размислување. Фокусот е на технологии и знаења кои ќе бидат релевантни и вредни во наредните 15 години, со цел секој студент да има јасна конкурентска предност и сигурна кариера.
3. Секторот за вработување е врската меѓу нашите студенти и индустријата. Тој им овозможува пракси уште за време на студирањето, подготовка за интервјуа и директно поврзување со компании кои бараат талентирани професионалци.
4. Истовремено, Секторот за поддршка на студентите обезбедува индивидуален пристап за секого – од 1-на-1 сесии и менторство, до прилагодување на програмата според целите и потребите на секој студент.
5. Сето тоа е поддржано од ментори кои доаѓаат директно од индустријата, експерти кои претпладне работат со најсовремените технологии, а попладне го споделуваат своето знаење и искуство со студентите.
Времето истекува!
(Комерцијален текст)