Овие денови на Нептун Македонија, една од најголемите компании која вработува повеќе од 100 жени, а голем дел од нив на лидерски позиции, им го поставивме прашањето; Што би им порачале на жените? Во чест на сите силни жени, избравме некои од најинспиративните и најмудрите пораки од влијателните дами во оваа компанија на кои им се восхитуваме;
Александра Аргир, ХР Директор Нептун Македонија, ЕГМ, Сервис МК посочува дека најважна работа за секоја жена е да се почитува себеси, да не се плаши да ги рашири крилјата и да цели кон остварувањето на своите цели и сето она што ќе ја направи среќна. За секоја личност е важно да не се плаши да го кажува своето мислење, да стои исправено со крената глава пред предизвиците, да биде горда на себе, да биде свесна дека силата лежи во неа. Сето тоа ќе биде многу полесно доколку сите вложиме време и труд во нашето континуирано образование, учење низ работата и од грешките, упорноста, социјализацијата.
Се согласува и Лепа Петровска, Раководител на сектор за управување со производи; „И покрај верувањето дека живееме во свет во кој доминираат мажи, жените се одлични во преговорите и релациите, имаат изразена социјална интелигенција и можат да направат три работи истовремено. Не задржувајте жена ако наумила нешто“, додава таа низ насмевка.
Овие хероини се согласуваат дека темата за родовите аспекти на лидерството не треба да се отвора само за 8 март, но за среќа и во тој поглед има значителни исчекори кон подобро. Доказ за тоа е и Нептун Македонија, компанија која во секој домен од своето работење ги слави и охрабрува жените во сите нивни подвизи.
„Успехот на секоја жена треба да биде инспирација за друга, а не закана. Пресреќна сум што сум дел од охрабрувачко деловно опкружување, а околу мене се жени што се олицетворение на достоинство, грациозност, интелигенција и бестрашност“ - вели нашата соговорничка, Зорка Стојанова, Менаџер за лојална програма, финансирање и услуги.
„Огромна е честа да се биде во компанија со жени кои со својата работа придонесоа за обликување на нашиот бизнис каков што е тој денес. Опкружувањето со дами кои се издвојуваат по извонредност, истрајност и фанатична издржливост, ме охрабрува и мене да го давам најдоброто од себе секој ден“ - додава, Мери Костадинова, Раководител на оддел за сметководство.
Во контекст на овој убав ден, Нептун организира супер изненадувања, подароци и попусти за денот на жената на сите продажни локации ширум земјата со кои сака да ги израдува жените и да им приреди незаборавни мигови.
Нептун Македонија секојдневно ги истакнува профилите на успешните жени сакајќи да ја покаже нивната важност, користејќи ги нивните вештини, знаења и таленти што ќе послужат како инспирација за идната генерација на успешни и силни жени.
(Комерцијален текст)