Изборот е широк, но козметичката компанијата Avon издвојува листа на шест сетови од нивната палета кои биле најпродавани во 2016. година и воедно пријатно ќе ги изненадат и најпребирливите. Во комплетите доминантни се опојните мириси, но збогатени се и со различни типови на декоративна шминка и козметика.
Компанијата на крајот на септември го претстави ексклузивниот парфем Avon Life креиран од светски познатиот дизајнер Кензо Такада. Тој создаде машка и женска варијанта под мотото „Живеј прекрасен живот“, а главна состојка е темјанушката. Се работи за цвет кој е ценет поради неговите ливчиња кои се дестилираат во софистицирано парфимирано масло. На листата на најпродавани е и ексклузивниот сет Luxe кој содржи маскара, парфем и мини – спреј. Маскарата дава гламурозен изглед, а четкичката се приспособува за совршена дефиниција и интензитет на трепките од коренот до врвовите. Парфемот и мини – спрејот се микс на раскошните магнолија, опоен јасмин и луксузната гарденија.
Меѓу најбараните производи од македонските потрошувачи е и комплетот Attraction за мажи и за жени. Во машкиот сет се наоѓаат тоалетна вода, шампон и гел за туширање и балсам за после бричење додека женскиот е составен од лосион за тело, парфем и мини – спреј. Главната компонента на овие сетови е магнетниот мошус кој ги прави неодоливи и ги издвојува од останатите. Во сетот Today наменет само за припадничките на понежниот пол има парфем и гел за туширање, а машкото „пакетче“ содржи мирис, балсам за после бричење и гел за туширање кои се микс на коријандер, дива жалфија и рус антилоп.
Avon на жените им го нуди и комплетот Dreams во кој има парфем, путер за тело и спреј кои се креирани на база на водна слива, роза центифолија и дрвени ноти. Идеален подарок за саканата е и Avon Cherish со парфем, лосион за тело и гел за туширање и во кои има екстракти од црешов цвет, скапоцениот мошус и кремасто сандалово дрво.
Повеќе информации за производите на Avon може да се најдат на веб-страницата на компанијата
http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/home_page.page
(комерцијален текст)