Сè е подготвено за Late Night Shopping, дводневното забавно и незаборавно шопинг искуство!

Голема бина со неверојатни перформанси на неа, богата музичка и забавна програма, мала сцена во самиот трговски центар, бесплатен превоз со панорамски автобуси со број 15, големи шопинг попусти, модна ревија со најзгодните девојки на Балканот- Beachwear Fashion Show и уште многу изненадувања кои ќе остават без здив.

Сè е подготвено за големиот почеток на овогодишнешниот Late Night Shopping, кој официјално започнува денес, од 18 часот. Сите правци денес и утре, 3-ти и 4-ти јули водат кон најпознатиот и најголем трговски центар кај нас, Skopje City Mall.

Да се напомене дека и најмалите се вклучени во ова дводневно неверојатно шопинг искуство. Креативни дизајнерски работилници за најмалите и најмилите со меѓународниот институт за мода ,,Изет Цури" ќе се одржуваат во игротеката ,,Imaginarium", денес, 3-ти јули од 18 часот до 20 и утре, 4-ти јули од 12 до 14 часот. И пред самиот почеток на дводневното шопинг лудило, Скопје Сити Мол го посетија неколку модни блогерки кои ќе ги надополнат своите стајлинзи и купат омилените парчиња по ниски цени.

Овој настан од светски размери не се пропушта. Skopje City Mall докажува дека трендовите на шопинг до доцна се возможни и примамливи.

Сè што ќе се посака од убаво, позитивно и атрактивно, Late Night Shopping започнува денес.

(комерцијален текст)

3 јули 2015 - 18:15