Samsung ја донесе иднината: Храбро, неконвенционално и незаборавно - Нова ера на мобилната вештачка интелигенција со Samsung Galaxy S25

Серијата паметни телефони Samsung Galaxy S25 беше официјално претставена во Скопје, означувајќи го почетокот на продажбата, која ќе започне на 7 февруари.

Неконвенцијално и храбро, Samsung постави нови стандарди за тоа како треба да изгледа еден настан кога станува збор за претставување на нова генерација уреди и технологија која ја обликува иднината. Под насловот – The future belongs to those who dare to create it, наместо класични презентации и говори, гостите можеа вистински да го почувствуваат Galaxy AI искуството – од самиот влез, патувањето низ димензиите, па се до персонализираните портрети, целиот настан беше вистинска магија . Вистински sci-fi филм во кој иднината веќе е реалност.

Гостите имаа прилика да ги пробаат главните ѕвезди на денот – Galaxy S25 Ultra, Galaxy S25+ и Galaxy S25. Овие модели носат напредни технологии што комбинираат врвни хардверски компоненти и вештачка интелигенција за унапредено корисничко искуство.

Функциите како интуитивно пребарување на фотографии, паметни потсетници, моќните камери и напредната оптимизација на перформансите покажаа како Galaxy AI го подобрува секојдневното користење на паметните телефони, правејќи го поедноставно и поефикасно.

Со моќни спецификации и елегантен дизајн, Samsung нуди уреди кои го олеснуваат секојдневието и ги поедноставуваат задачите на корисниците. Она што остави најголем впечаток? Сите заминавме дома со персонализиран подарок – уметничко дело кое го креираа самите со помош на Galaxy AI.

Раководителот за односи со јавност од Samsung Electronics, Иван Полојац, нагласи како технологијата Galaxy AI е интегрирана во секоја точка на интерфејсот, а како One UI 7 создаде платформа каде секоја интеракција е беспрекорна.

„Вашиот телефон сега го разбира контекстот на сето она што е на екранот – глас, слики, текст и многу повеќе – предвидувајќи ги вашите потреби и барања.“

Новата серија Galaxy S25 воведува клучни иновации кои го обликуваат корисничкото искуство. Прво, серијата S25 нуди вистински AI придружник, чиј AI агент овозможува поприродна и интуитивна интеракција. Во комбинација со интегрираната AI платформа се подобрува поврзаноста на уредите, додека персонализираната AI гарантира безбедност, приватност и прилагодени AI функции според потребите на секој корисник, правејќи ја оваа серија совршен AI придружник.

Друга клучна иновација се Напредните перформанси  на серијата со реалистично гејминг искуство и значително подобрена термална ефикасност. Да не заборавиме, серијата Galaxy S25 работи на Snapdragon® 8 Elite for Galaxy, најмоќниот процесор досега во серијата S, со 40% подобрување на NPU, 37% на CPU, и 30% на GPU во споредба со претходните генерации.

И на крај, серијата Galaxy S25 обезбедува ултра-детални фотографии во секој опсег благодарение на сензорите со висока резолуција и ProVisual Engine, поставувајќи нов стандард за мобилната фотографија и обезбедувајќи совршено визуелно искуство со помош на AI.

Покрај ексклузивниот прв поглед на новите уреди, гостите уживаа во релаксирано дружење со DJ, создавајќи совршена атмосфера за размена на импресии и дискусија за технолошките иновации кои ја обликуваат иднината на мобилната индустрија.

Серијата Samsung Galaxy S25 официјално ќе биде достапна за купување кај мобилните оператори и малопродажните партнери од 7 февруари.

За повеќе информации за уредите, посетете ја официјалната веб-страница на Samsung.

(Комерцијален текст)
 

 

5 февруари 2025 - 13:00