Во Скопје сити мол потрошувачите ги очекуваат над 150 продавници, 6 ресторани и кафе-барови, 690 м2 простор за забава за најмалите, како и многу атрактивни понуди за целото семејство, кои гарантираат врвно искуство во пазарувањето.
Шетајќи покрај 1,2 километри долгите излози, потрошувачите ќе уживаат во најдобрите летни понуди на некои од најдобрите локални и интернационални брендови.
Сите продавници в петок, на 1 јули ќе бидат отворени до 24 часот и ќе понудат попусти, подароци и бесплатни коктели за лојалните потрошувачи, кои ќе уживаат во пазарувањето со различни музички стилови изведени од нашите гаражни бендови и диџеи. Потрошувачите ќе можат во живо да ја следат продажбата и забавата и да се информираат за најдобрите зделки и парчиња облека директно од кабините за пробување.
Освен ова, викендот што следува, на 2 и 3 јули (сабота и недела), сите ќе можат да уживаат во истите попусти до 70%, во авантура низ омилените продавници и угостителски објекти, во стандардното работно време на Скопје сити мол.
Дополнително, на 1 јули за потрошувачите е организирана забавна игра Аукција со наддавање! Доволно е со фискалната сметка да се пријават на приземјето и да се борат за Samsung Galaxy 6, Samsung Galaxy ТАВ II, фрижидер, ТВ или машина за перење алишта, чија почетна цена е само 1 денар.
За повеќе информации за ноќниот шопинг, попустите и механизмот за учество во Аукцијата, посетете го следниот линк: http://skopjecitymall.mk/lns
Нема да негодуваме доколку оваа информација ја споделите и со вашите пријатели : )
(комерцијален текст)