GEN-E претставува интензивен, 6-неделен hands-on курс преку кој учесниците го развиваат сопствениот стартап: го креираат својот производ, го обликуваат брендот, учат како да стигнат до клиенти, имаат специјален модул MVP, работат со вистински алатки и со поддршка од експерт-ментори. И се подготвуваат за својата pitch презентација. На крајот на курсот, секој учесник излегува со практични вештини, прототип и самодоверба да го стартува својот бизнис.
Курсот вклучува кратки видео лекции, квизови и задачи низ шест модули, покривајќи теми како: креирање бизнис план, маркетинг стратегија, финансиска писменост, продажни стратегии, развој на MVP и изработка на pitch deck. Сите задачи се прегледуваат од страна на ментори кои даваат персонализиран фидбек и водство. И најважно, младите учат како да заработуваат од своите идеи.

Учениците на NU - пример како може од најрана возраст да започне развивање на претприемачкиот дух
NU Академијата за талентирани средношколци е единствената образовна институција во Македонија која уште во средно им нуди на учениците програми насочени кон изучување на високоплатени професии, развивање претприемачки начин на размислување, финансиска писменост и учење на вештачка интелигенција од најрана возраст.
Учеството во GEN-E ја надградува оваа уникатна образовна понуда и ја потврдува проактивната мисија на NU, да ги подготви младите за иднината што сами ќе ја создадат. Преку поддршката на NU, GEN-E станува уште една силна можност младите да го развијат претприемачкиот дух од најрана возраст, да учат од европски експерти и да креираат конкретни решенија кои можат да прераснат во вистински стартап проекти.

Brainster дел од проектот која создаваат можности за младите во регионот
Проектот GEN-E е имплементиран од Brainster, во партнерство со DIH-ONEX (Босна и Херцеговина) и Bloconomy (Албанија). Заедно, организациите креираат платформа која им овозможува на младите од ЕУ, RIS земјите и Балканот да стекнат практични, применливи и современи дигитални и претприемачки вештини.
(Комерцијален текст)