Минатиот викенд помина во знакот на забавата на Lephonq, фредо кафето и книгите од издавачкиот центар „Три" за сите страствени кафеџии и читачи. За оние чија опсесија се визуелните уметности во рамките на гостувањето на „GIFEST" беше огранизирана работилницата за изработка на гифови, видео мапинг и изложба на гифови.
А за сите останати чија преокупација е аудио уметноста и креирањето на музиката, на 9 јули во четврток „Концепт 37" им овозможува средба со Марко Настич од Белград кој ќе одржи интерактивна работилница, a од 2200 часот ќе има и свој ДЈ сет.
Марко Настич е урбана легенда, основоположник на една од најживописните клуб-сцени во Југоисточна Европа. Спротивставувајќи им се на мрачните сили на политичкото лудило, тој војува со електронска музика и го слави животот.
Неговиот препознатлив стил не може да биде етикетиран како чисто техно, хаус или минимализам, бидејќи тој е сето тоа, но во исто време и многу повеќе.
Марко ја реализираше својата прва светска турнеја во 2002 година, почнувајќи со Бразил, а денес има редовни сетови низ целиот свет. Од 2006 година е автор и водител на радио емисијата "Музика за телото и душата" на водечката српска радио станица Б92.
Бидете во тек со роденденската недела во „Концепт 37" и приклучете се во интерактивната ДЈ работилница на Марко Настич: https://www.facebook.com/events/1466087920369840/
Влезот за работилницата и настанот е free
(комерцијален текст)